223
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска информираше дека предметниот автобус на компанијата „Беса транс“ во 2020 година, 22 пати остварил влез и излез во државата, додека во тековната 2021 година, дури 113 пати ја преминал границата.
-Автобусот за првпат е регистриран во Скопје на 15.10. 2020 во сопственост на „Беса Транс БТБ“. На 5.10.2021 година бил последниот технички преглед, изјави Спасовски на прес-конференција.
Тој додаде дека одделот за гранични работи и миграции при БЈБ во МВР не е надлежно да ги проверува лиценците за превоз на автобусите на граничните премини.