338
Автобусот кај местото Кула на автопатот „Струма“ удрил во банкината, возачот загубил контрола, потоа удрил и во левата ограда на автопатот, изјави денес министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, давајќи точни информации за тоа како настанала трагичната автобуска несреќа.
Тој додаде дека при првиот удар дошло до самозапалување на надворешниот дел од автобусот, а потоа и до удар во средишната разделна еластична одбојна ограда од автопатот при што настанало целосно опожарување на возилото.
-Од страна на обвинителот, нашиот тим беше запознат за дејствата и активностите од нивна страна. Тимот во клиниката Пирогов изврши разговор со едно лице со цел добивање повеќе информации за несреќата, изјави Спасовски.