294
На новинарското прашање во врска со предложената парична награда за полицијата од страна на министерот Наќе Чулев, премиерот, Оливер Спасовски рече дека неговото барањето е гол популизам.
-Неговото барање е гол популизам кој не може да се поврзе со наградите за вработените во здравство. Кога се правеше ребалансот на буџетот, министерот за здравство се бораше за да не се крати од буџетот за здравство,а министерот за внатрешни работи понуди 88 милиони да се вратат во буџетот, зошто не му требале, тоа говори колку е сериозен во намерите, изјави Спасовски.