328
Без ниту еден глас против шпанскиот Сенат го ратификуваше протоколот за членство на Македонија во НАТО.
-Сите наши партнери и сојузници, сите 29 земји членки на НАТО и формално ја прифатија Република Северна Македонија за 30-та земја членка.Сенатот на Кралството Шпанија, само заради оваа причина за прв пат во својата историја гласаше по електронски пат со видео конференција и денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО.Ова е голем ден за честитки и за признанија, дури и во овие денови на сериозни и тешки предизвици.Ова е голем македонски успех на нашата генерација во име на сите претходни и во име на идните поколенија, напиша на својот Фејсбук профил техничкиот премиер Оливер Спасовски.