Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски синоќа запрашан за безбедносната состојба уште еднаш потенцираше дека таа е стабилна и во овој момент без никакви индиции дека може да биде нарушен мирот, безбедноста и спокојот на граѓаните.
Спасовски образложи дека глобалните случувања како што се воената агресија на Русија врз Украина,економската криза, енергетската криза и случувањата во регионот секако дека има свое влијание, како што се хибридните закани кај нас, во земјите во регионот, но и во многу европски како и хибридните напади во некои земји кои се зачестени со почетокот на воената агресија.
„Нема потреба од подигање на нивото на безбедност на институциите од безбедносниот сектор, бидејќи постојаната координација и добро поставените приоритети на институциите во тој дел целосно ја одржува стабилна безбедносната состојба во државата“, потенцираше министерот Спасовски.
Министерот Спасовски објасни дека координираното планирање на активностите на безбедносните институции и брзиот одговор на заканите во најголема мерка влијае на одржувањето на безбедносната состојба стабилна.
Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски уставните измени реално можат да бидат усвоени, но е потешко тоа да се случи отколку во претходниот период. Во гостувањето на емисијата „24 анализа“ на ТВ24 тој кажа дека неговото мислење за усвојување на уставните измени кажа дека го црпи од чувството за одговрност на политичките субјекти.