Спасовски: Бројчаникот врти, иако физички не е присутен

од Nikola Popovski
308 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е категоричен дека профункционирал и врти бројчаникот, кој го покажува враќањето на украдените пари во буџетот.

-Бројчаникот можеби физички не е присутен, но фактички и преку правни постапки тој проработи. Една е конфискацијата на имотот на Сеад Кочан.  Една од нив е на г-н Владимир Тодоровиќ. Не е само една случка и едно враќање на парите. Постојат многу одлуки такви, така што едно е што не постои физички, вели Спасовски во емисијата „Клик плус“.

Според него, динамиката на вртење на бројчаникот не е доволна.

-Треба уште повеќе. Во секоја постапка што се води, паралелно да има и финансиска постапка, смета Спасовски.

Бројчаникот на Порта Македонија, поранешниот премиер Зоран Заев, како тогашен лидер на опозицијата, го најави во кампањата на предвремените парламентарни избори во декември 2016 година.