Спасовски: Често користам евтини комерцијални летови, мора сите политичари да штедиме

од Берта Китинска
203 прегледи

Често користам евтини комерцијални летови за службени патувања. Мора сите политичари да штедиме, парите во буџетот се на граѓаните, кажа во вестите на Канал 5 е минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Тоа не е ништо чудно треба сите тоа да го користат, сите можности во кои ќе одбереме најповолни понуди и во смисла на цената и конекцијата. Јас често користам евтини летови веројатно и другите министри користат, кажа министерот.