Црна Гора е една од најбратските земји и најблиските партнери на Северна Македонија и уверен сум дека тие односи ќе продолжиме да ги негуваме и продлабочуваме во интерес на сите наши граѓани. Секако, посебна благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот пат, продолжуваме заедно кон создавањето на просперитетен регион, како сојузници во НАТО и идни членки на ЕУ, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот Фејсбук профил, по средбата со црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
Министерот за внатрешни работи истакна дека со Абазовиќ дискутирале за заедничките позитивни заложби за зајакната соработка со цел просперитет на целиот регион.
– Во делот на меѓународните активности на министерствата за внатрешни работи од двете земји, можеме да се пофалиме со одлична билатерална и оперативна соработка, која трае веќе со години, особено на полето на сузбивање на организираниот криминал и корупцијата, спречување на илегалната миграција, кибер криминалот и слично., а на меѓудржавно ниво таа е изразена и преку заложбите за подобрување и развивање на регионалната соработка во сите сегменти на општественото живеење, наведе Спасовски.