За непочитување на законските обврски, мора да се сноси одговорност бидејќи во спротивно, такво однесување може да се повтори.Ние правиме натчовечки напори да покажеме солидарност и да помогнеме да се задржат работните места и да се помогне економијата, а тоа некој се обидел да го злоупотреби. Тоа нема да помине, вели премиерот Оливер Спасовски.
Тој напомена дека е издаден налог на генералниот секретар на владата за да се подготват сите акти кои се потребни за кривични постапки.
-Му дадов налог на генералниот секретар на владата да ги подготви сите акти кои се потребни и врз основа на тоа да се покренат кривични постапки за сите кои не ја испочитувале обврската. Во однос на информациите дека сега тие набрзина се обидуваат да ги исплатат тие средства, и ние тоа го проверуваме. Меѓутоа, како и да е, секој што злоупотребува, ќе мора да одговара“, изјави Спасовски во интервјуто за „Утрински брифинг“.