364
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, даруваше конвалесцентна плазма како прележан пациент заболен од Ковид-19.
-Дарувањето крвна плазма во овие моменти е од круцијална важност за да го победиме заеднички Ковид-19.Ги охрабрувам сите коишто закрепнале од Ковид-19 да донираат конвалесцентна плазма, да ја зголемиме шансата за успешен исход за секој којшто се бори против коронавирусот.Дарувај крвна плазма, СПАСИ ЖИВОТ!, напиша Спасовски на својот Фејсбук профил.