Спасовски: Дел од лажните дојави за бомби се праќаат од Хрватска и Швајцарија

од Nikola Popovski
280 прегледи

Првиот човек на македонската полиција Оливер Спасовски информираше дека дел од лажните дојави за бомби се праќаат од надвор, поточно од Хрватска, Швајцарија, преку креирани виртуелни мејлови.

-Инаку, истрагата е многу комплексна не само заради тоа што учествуваат многу оддели од МВР – Одделото за борба против организиран криминал, за антитероризам , Одделот за кибер-безбедност, форензика. Сето тоа  е ставено во функција. Меѓутоа истрагата е сложена затоа што ги утврдуваме ај-пи адресите од каде доаѓаат, дали се обични ај-пи адреси. Се праќаат претежно од надвор, преку ви-пи-ен адреси, рече Спасовски во емисијата „24 анализа“.

Тој додаде дека важно е да се сочува мирниот пристап на сите и покрај вознемиреноста и несигурноста и повика да не се политизира овој случај.

-Ваквите напади не се изолиран случај само во Северна Македонија. Вакви напади има и во САД и во други земји-членки на НАТО и ЕУ, рече Спасовски.

Карактеристично за заканите, информира Спасовски, е што појавуваат најчесто во среда, четврток и петок, во една смена кога има одредени класови и наставници.

Вчера беше осми ден како пристигнаа заканувачки мејлови на електронските адреси на повеќе средни училишта во Скопје. Сите досега беа утврдени како лажни.

Слични содржини