Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фб напиша дека по покана на премирот Димитар Ковачевски, вечерва во црквата „Св. Софија” во Охрид, присуствувал на прием по повод државниот празник 24 Мај -Денот на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.
Првата словенска азбука – глаголицата е изворот, како на денешните современи словенски јазици, така и на македонскиот јазик. Делото на Светите браќа живее и денес преку нашиот македонски јазик, признат и рамноправен со другите светски јазици во ОН и во ЕУ.
Под мотото „Писмото е нашиот универзум“, во организација на Владата на Република Северна Македонија, во Охрид – жариштето на македонската и сесловенската писменост, започнува дводневното свечено одбележување на 24 Мај – Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј.