Спасовски: Девојки, мајки, сопруги – ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност

од Stefanija Kuzmanovska
196 прегледи

Кога ќе одиме дома сме мајки и сопруги, кога ќе одиме на работа сме тоа што сме. Ги рушиме стереотипите дека е типично машка професија. Без разлика на полот, САЕ Тигар и ЕБР се синоним за професионалност, за максимална храброст и подготвена да се спротивстави на каков и да е предизвик, без разлика на пол, со кој е доведена во прашање безбедноста на земјата и граѓаните, објави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук.

„Девојки, мајки, сопруги и професионалки има и во Единицата за брзо распоредување – мотото Секогаш и Секаде важи за сите подеднакво! Формирана во 2001 година, ЕБР не препознава родова, туку само професионална припадност“, напиша Спасовски.

Денеска, објави министерот, специјалните единици се синоним за обученост според највисоки стандарди кои ги налага борбата против тероризмот и криминалот.

Специјалната антитерористичка единица Тигар е формирана во рамки на МВР во 1981 година. Пред 15 години ја доби првата припадничка. Условите за престој и работа на припадничките, пишува Спасовски, се прилагодени на нивните потреби и досега немало случаи на дискриминација.

Слични содржини