Спасовски: Директор на АНБ не може да биде партиски човек, има строги процедури кои се почитуваат

од Destan Jonuzi
124 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека директор на Агенцијата за национална безбедност не може да биде партиски човек.

Според него, за тоа имало строги процедури кои се почитувале.

„Не можеме да разговараме повеќе за партиски решенија, туку постојат строги критеруими за избор на дирктор на безбедносните служби. Се напушта тој принцип дека ќе може да влијае политиката. Тоа е човек кој може да гарантира дека безбедноста и државата ќе бидат во сигурни раце“, вели Спасовски.