Спасовски до новите колеги: Mожете да сметате на мене и на ова раководство на МВР, ние ќе ви бидеме најголемата поддршка

од Берта Китинска
175 прегледи

И оваа година нашето професионално семејство, Министерството за внатрешни работи, станува побогато за 590 наши колеги, идни чувари на безбедноста на граѓаните, кажа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски пред новите полициски службеници кои денеска дадоа свечена изјава им честиташе за успехот и нагласи дека оваа генерација полицајци го има остварено најдобриот резултат во последните 10 години.

-Драги идни колеги,Сакам да ви кажам дека можете да сметате на мене и на ова раководство на МВР, ние ќе ви бидеме најголемата поддршка, за подобри услови за работа, за дополнителни обуки и едукации, како во земјата, така и во странство. Затоа што, безбедноста на граѓаните е врвен приоритет и за тоа нема калкулации и колебања. Сѐ што треба да направиме за вас – ние ќе направиме, за како идни колеги и веќе вработени во МВР, бидете подготвени да ги осигурате безбедноста и спокојот на сите граѓани.
Во свое лично име и во име на раководството на Министерството за внатрешни работи да ви го честитам успешното завршување на обуката за полициски службеници и во овој момент од вас, како идни полициски службеници, очекувам да дадете завет – за целосна посветеност и пожртвуваност во работата, за професионалност, чесност, хуманост, одговорност – вредности по кои се препознаваат врвните чувари на безбедноста кои избрале да бидат во служба на своите граѓани, вели министерот.