256
На одбележувањето на Светскиот ден на здравјето, премиерот Оливер Спасовски денеска им порача на здравствените работници да се чуваат себеси за да можат да ги чуваат граѓаните и јавното здравје.
– Денес е Светски ден на здравјето, кој оваа година Светската здравствена организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да им порачам да се чуваат себеси за да можат да не чуваат нас, нашите семејства и јавното здравје, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Спасовски