Спасовски: Договорот со Фронтекс конечно на македонски јазик без додавки

од Nikola Popovski
117 прегледи

На маргините на Берлинскиот процес, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон разговарал за досегашниот напредок на Република Северна Македонија во однос на правдата, слободата и безбедноста на државата.

-Со особено задоволство ја информирав дека Владата на Република Северна Македонија го прифати усогласениот текст на Договорот со Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Северна Македонија (ФРОНТЕКС). Воедно, ја информирав еврокомесарката Јохансон дека Договорот којшто го парафирав во 2018 година, конечно ќе биде потпишан на македонски јазик, без додавки, потенцирал Спасовски.

Тој упатил благодарност до еврокомесарката Јохансон за континуираната поддршка на Република Северна Македонија и Министерството за внатрешни работи.

-Остануваме посветени на спроведување на Планот за борба против корупцијата, како и на усогласување на македонското со европското законодавство, особено за поглавјата 23 и 24, коишто се во надлежност на МВР, вели првиот полицаец во земјава.