Спасовски: Дојавите за бомби се смислено сценарио, имаме трага од сторителите

од Берта Китинска
318 прегледи

Дојавите за бомби се смислено сценарио од некого,имаме трага од сторителите, ова е монструозен чин за најстроги казни, кажа во вестите на Канал 5 е минситерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

-Oва е одредено сценарио, истрагата треба да покаже кои се причините. Се истражуваат кои се индициите дали се хибридни напади, политички или бизнис причини.Ние ги имаме мејловите и податоците од каде се пратени одимие брзо со оваа постапка, кажа Спасовски.

Денеска ученици од скопската гимназија „Раде Јовчевски-Корчагин“ средното училиште им било кажано да ги напуштат просториите, информираат од таму за „Локално“.

Ова е втора дојава за бомба во текот на денот, откако пред речиси час и половина беше соопштено за дојава во училиштето „Никола Карев“.

„Денеска (28.10.2022) во СВР Скопје околу 14 часот е пријавено дека на меил адресa на едно училиште во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземаат мерки за безбедно евакуирање на училиштeто и антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Во последните два денови имаше лажни дојави за бомби во неколку средни училишта во главниот град.