Спасовски е апсолутно против амнестија на осудените од 27-ми април: Неказнивоста може да предизвика нови проблеми

од Nikola Popovski
266 прегледи

Апсолутно сум против амнестија на лицата осудени за настаните од 27-ми април 2017 година. Сметам дека неказнивоста може да предизвика и нови проблеми, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во емисијата „360“.

Тој истакна дека на „крвавиот четврток“ беше нападнато демократското уставно уредување на државата.

-Има дел амнестирини за тој настан, меѓутоа оние што го извршија тоа кривично дело, оние што го направија упадот и така натаму, и оние кои што пробаа да убијат пратеници во момент, имаат санкции и мислам дека не треба воопшто да биде доведена во прашање одговорноста на овие лица заради тоа што се поставува прашањето дали сакаме повторно преку амнистија повторно да овозможиме напад на државните институции, дали тоа е парламентот или Владата, дали повторно ќе биде на овој начин пратен сигналот дека некој може да влезе во Собранието и да убие пратеници заради политички цели, за некакви лични цели, нагласи Спасовски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија дека ќе поднесат Предлог-закон за амнестија на лицата осудени за настаните од 27-ми април.

Слични содржини