Спасовски: Ги решивме проблемите на лозарите кои се провлекуваа со години

од Nikola Popovski
240 прегледи

Работите се менуваат на подобро, во целата држава и тука во Кавадарци инвестиравме многу и во инфраструктурата и во земјоделството, во здравството, во детската заштита и образованието. Во овие четири години покажавме дека имаме храброст и визија за патот на напредокот по кој треба да се движиме. Преку упорност и визија ги реализиравме стратешките интереси, денес сме самостојна држава земја членка на НАТО, вели потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на промоцијата на кандидатот за градоначалник на Кавадарци на коалицијата предводена од СДСМ Горан Тодоров.

Тој наведе дека над 5,7 милиони евра се инвестирани во 36 километри патна инфраструктура, а се вложуваше и во комуналната инфраструктура, во нови водоводи и канализации.

Низ партнерски однос со лозарите, ги решивме нивните проблеми кои се провлекуваа со години, како што беа долговите за предадено, а неплатено грозје од приватните винарии. Ги зголемивме и субвенциите, а со неповратни средства помогнавме на млади земјоделци и жени земјоделки, истакна Спасовски.

Слични содржини