Спасовски го посети припадникот на ЕБР кој се повреди при потрагата по алпинисти на Шар Планина

од Nikola Popovski
163 прегледи

Утрово, во комплекс клиниките Мајка Тереза, во Одделот за торакална хирургија, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го посетил припадникот на Единицата за брзо распоредување, кој се здоби со повреди за време на спасувачката потрага по алпинисти на Шар Планина што се случи минатата недела.

Министерот Спасовски информираше дека станува збор за еден од поискусните колеги со 24 годишно искуство, старешина, командир на вод, кој доброволно се пријавил во спасувачката потрага да се спаси човечки живот.

-Во оваа прилика, министерот Спасовски оддаде признание и почит до колегата, како и до сите кои учествуваа во спасувачката потрага – екипи на МВР од ЕБР и САЕ „Тигар”, СВР Тетово, кои со специјални теренски возила и хеликоптер се упатија на посоченото место на Шар Планина каде што извршија прифаќање и извлекување на колегата и алпинистите. Министерот Спасовски изрази благодарност и до Центарот за управување со кризи и ТППЕ Тетово, како и до медицинските лица за укажаната нега, соопштија од МВР.