Спасовски: Горд сум на македонската полиција, се справуваат со пожарите во првите борбени редови

од Nikola Popovski
284 прегледи

Старата мудрост вели дека на маката се познаваат јунаците. Имајќи ги предвид изминативе два дена можам со чисто срце да кажам дека сум горд на македонската полиција. Таа беше повторно на првите борбени редови, овојпат со огнената стихија, заедно со нашите пожарникари, армијата, шумската полиција, нашите граѓани, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој изрази посебна благодарност до сите нив, без разлика дали се дел од полициските патроли, од специјалните полициски сили, од граничната полиција, независно од која полициска станица притрчаа на помош, покажувајќи силна солидарност со колегите и со граѓаните …

„Сите беа на висината на задачата! Благодарение на нивната професионалност, изградените вештини, смиреноста и пожртвуваноста успеваме ситуацијата да ја ставиме под контрола. Им благодарам затоа што по којзнае кој пат ја ставија безбедноста и благосостојбата на другите пред сопствените, што покажаа што значи во пракса да се биде во служба на граѓаните, затоа што уште еднаш на дело покажаа дека БЕЗБЕДНОСТА НА ГРАЃАНИТЕ Е ЗАЕДНИЧКИ ПРИОРИТЕТ!“, се заблагодари Спасовски.

Слични содржини