Спасовски: Граѓаните да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите

од Vladimir Zorba
200 прегледи

Во текот на изминатото деноноќие, во активностите на превенирањето и гасењето пожари низ државата, ангажирани се 402 полициски службеници, поставени 11 пунктови, реализирани се 164 мото-патроли, за што користени се 115 моторни возила.

„Апелирам граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не се фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар. Неопходна е максимална будност и целосно одговорно однесување на секој поединец“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.