Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, соопшти министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
– Во ноември 2019 година се случиле вкупно 714 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година – 564, што претставува намалување за 21 отсто.
– Во сообраќајни незгоди во текот на месец ноември 2019 година животот го загубиле 11, а истиот месец 2020 година седум лица, што претставува намалување за 36 отсто.
– Во однос на пешаците како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, за истиот период бележиме намалување за 75% односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година – еден.
– Бележиме намалување и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди, односно во месец ноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември 2020 година 37, што претставува намалување за 47%, посочува Спасовски.