Спасовски: Граѓаните веќе се изморени од избори

од Берта Китинска
136 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека на државата во овој момент не и се потребни предвремени парламентарни избори заради тоа што граѓаните веќе се изморени од избори.

-Речиси секоја година има избори, а очекуваат многу повеќе да се сработи на економски план.Очекувам дека треба да се насочиме генерално кон граѓаните и потребите на граѓаните. Другите аспекти и таа стратешка цел за почетокот на преговорите е високо на агендата и треба да биде високо на агендата на Владата, меѓутоа акцентот треба да се стави на Република Северна Македонија, на граѓаните, на економскиот стандард, на напредувањето, на сето она што го очекуваат граѓаните, изјави Спасовски.