Спасовски и Чулев во ОЈО сведочеле за софтверот на Рашковски

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и поранешниот технички министер, Наќе Чулев, во текот на изминатава недела биле на распит како сведоци во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција.

Двајцата сведочеле за софтверот набавен од поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковси вреден 81.000 евра кој бил наменет за МВР, а од министерството се произнесоа дека ниту знаеле дека таков софтвер е набавен ниту, пак, им требал.

Во средата на распит во ОЈО како сведок бил повикан и дал исказ, сегашниот прв човек на полицијата Спасовски, а во четвртокот тоа го сторил и неговиот претходник Чулев.