Спасовски: И моите информации се дека немало туби со нафта во автобусот

од Nikola Popovski
328 прегледи

Како што соопштија од компанијата, и моите првични информации се дека немало туби со гориво во предниот дел од автобусот. Меѓута, истрагата тоа треба да го покаже, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во емисијата „24 анализа“.

Тој информира дека се што ќе биде наредба од ОЈО, како МВР ќе ги обезбедат документите и ќе достават, до Бугарското јавно обвинителство.

-Не можам да прејудицирам колку би траела истрагата, што ја води друга држава. За нас е важно да се утврдат сите факти. Од интерес за сите нас е истрагата да биде кратка и ефикасна. Ако ме прашувате мене дали треба да се прошири истрагата, мислам дека тоа треба да се направи, со цел да ги покриеме сите можно аспекти на ваков случај. Никој не смее да изостане од одговорност, доколку ја има, одговори Спасовски на прашањето што мисли за најавите дека истрагата за автобуската несреќа би можела да трае и до 6 месеци.

Слични содржини