Спасовски и Тасевски на традиционален ручек и дружење со семејствата на загинатите припадници на МВР

од Nikola Popovski
135 прегледи

Денеска, министерот за внатрешните работи Оливер Спасовски, директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални операции Митко Даневски, се дружеа со децата на семејствата на загинатите припадници на МВР во Пониква, Кочани за време на неколкудневниот одмор на децата во одмаралиштето на министерството.

На заедничкиот ручек министерот Спасовски го изразил своето задоволство што оваа дружење со децата и загинатите припадници на МВР прерасна во традиција на која имаат можност да се дружат и разговараат за сите актуелни прашања од важност за нив, притоа уште еднаш уверувајќи ги дека во него и раководството на МВР имаат искрени пријатели чие партнерство и пријателство продолжува и се унапредува преку здружението „Херои на Македонија 2001-2015“.

Спасовски и денеска потенцирал пред присутните дека тој како министер секогаш е тука за нив- децата и семејствата на загинатите припадници на МВР и со целосна поддршка во рамки на законските можности и надлежности позитивно ќе одговори на нивните барања и потреби.

Слични содржини