219
И министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски преку својот Фејсбук профил им ја честиташе победата и пласманот на Европското првенство на нашите фудбалери.
-Браво момци! Неизмерно сме горди на вас – покажавте дека знаете и можете да донесете голем историски успех за македонската фудбалска репрезентација со пласман на Европското првенство – големите соништа секогаш се остваруваат со храброст и тимска игра, напиша Спасовски во својата честитка.