Спасовски: Има економска помош од 5,7 милиони евра, планираме и дополнителни средства

од Viktor Jovanov
169 прегледи

Првиот пакет економски мерки е 5,7 милиони евра но ние планираме дополнителни мерки со кои ќе направиме компаниите да бидат ликвидни, кажа премиерот Оливер Спасовски во интервју за „Телма“. Како ќе се прават проценките за одредена индустирја така ќе се носат и мерките кои ги проектираме за наредниот период, додаде тој.

-Ние понудивме првични економски мерки. Тоа го соопштивме на јавноста и компаниите. Овие мерки ги носиме на основ на разговорите со стопанските комоси. Идејата е владата нон стоп да е во комукацијата со коморите и синдикатите и да влечеме други мерки во економијата. Важно е да остане економијата жива, кризата ќе заврши ние мора да продолжиме да живееме. Планираме низа мерки и со тие мерки ќе направиме компаниите да имаат ликвидност, но ќе направиме проценка. Треба да бидеме свесни дека секој ќе ги трпи последиците од оваа битка. Правиме анализа за намалување на платите на јавната администрција, мерките нема да ги заобиколат, рече Спасовски

Слични содржини