Спасовски: Институциите да преземат предвремени мерки за заштита на електронските податоци

од Nikola Popovski
136 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се преземаат мерки за хакерските напади во земјава.

-Многу е важно сите институции да преземаме предвремени мерки за заштита на електронските податоци и системи затоа што најевтино е вложување во превенцијата. Се друго е многу потешко кога ќе ни се случи. Ова е нешто што претставува еден сериозен предизвик. Покрај миграцијата, тероризмот е еден од клучните предизвици, а хакерските напади се дел од тие напади, рече Спасовски во изјава за медиумите.

Според него, сите раководители на институциите треба да имаат основен приоритет на заштита на електронските системи и спречување на ваквите напади.

-Важно е критичната инфраструктура треба да биде заштитена, истакна Спасовски.

Ова следува откако беше соопштено дека со „ransomware“ софтвер е хакиран системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), со што се создаде проблеми со боледувањето и породилното отсуство, а неизвесно е и кога здравствените работници ќе добијат плата. Според информациите, хакерите бараат откуп за да ги вратат „киднапираните“ податоци од системот на ФЗОМ.

Слични содржини