Спасовски: Испечатени се повеќе од 13.000 нови лични карти од вкупно 40.000 барања

од Nikola Popovski
423 прегледи

Тече нормално. Досега се испечатени повеќе од 13.000 лични карти, изјави денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес-конференција, за издавањето на новите лични документи.

Тој потенцита дека се работи со постојан ангажман и дека најмногу за 2 недели ќе заврши процесот на печатење на личните карти, што граѓаните ги чекаа на одобрување.

-Секако доколку успееме да го забрзаме процесот и тоа ќе го направиме, информира Спасовски.

Претходно, два месеци граѓаните не можеа да ги онбоват личните карти со поминат рок, поради блокиран закон во Собранието. Се собраа околу 40.000 барања, а изработката започна откако Владата одлучи да ја прекине блокадата со подзаконски акт кој започна да се применува минатата недела. Законот го блокира опозицијата, најмногу партијата „Левица“ која поднесе над 1500 амандмани.

Слични содржини