Спасовски како прв човек на МВР правел злоупотреби наместо да ги спречува, повторија од ВМРО-ДПМНЕ

„Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности“, соопштија утрово до Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Локално

„Оливер Спасовски е дел од групата предводена од другарите Венко Филипче и Зоран Заев на која основна дејност им се криминални активности“, соопштија утрово до Белата палата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Спасовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување, бидејќи во 2021 година како министер, овозможил на станица за технички преглед во општина Сарај да се стекне со противправна имотна корист од над 90.000 евра или околу пет и пол милиони денари. Спасовски и по предлог на надлежните не донел решение за одземање на овластување за технички преглед во законски предвидениот рок.

Што правел Спасовски? Си молчел и не го одземал овластувањето на фирмата за технички преглед, овозможувал истата да заработува нелегално, едноставно направил злоупотреба.

Но, трагедијата не завршува тука. Истиот технички центар дал зелено светло за технички преглед на автобусот на Беса Транс кој се запали во Бугарија, настан во кој загинаа 45 македонски граѓани.

Спасовски кој е добро познат на јавноста по низа на нелегални активности од времето на министерувањето во МВР е должен низа на одговори. Како, дали земал пари за неодземање на овластувањето на фирмата, колку, дали можеби трагедијата со автобусот на Беса Транс му ја проработила свеста.

СДС ако сака да функционира како сериозна политичка партија има можност. Но, за тоа треба да се ослободи од лицата во истата кои се олицетворение на криминалот“, истакнаа оттаму.