Претседателот на Владата Оливер Спасовски денеска ќе одржи прес-конференција, последна како технички премиер, пред изборот на новата политичка влада за што Собранието закажа седница во сабота на 29 август.
Спасовски за технички премиер беше предложен од поранешниот и иден претседател на Владата Зоран Заев, согласно Пржинскиот модел, и требаше шест месеци да ја предводи Владата чија цел беше организирање на предвремени парламентарни избори. Мандатот на техничката Влада се продолжи поради состојбата со Ковид-19 и воведувањето на вонредната состојба. Техничката Влада беше избрана на 3 јануари оваа година.
Мандатарот и лидер на СДСМ Заев, го предложи Спасовски да се врати на истата позиција каде што беше пред премиерската – министер за внатрешни работи.
Во техничката Влада министерски места имаше и опозициската ВМРО-ДПМНЕ.