Спасовски ќе го стабилизира МВР, “бомбите” ќе се реобјавуваат, анкетна ќе го истражува прислушувањето и криминалот…

од desk3
111 прегледи

“Нашата цел нема да биде разрешување на кадрите, туку да се стабилизира состојбата и да се врати вербата на граѓаните во институциите”- најави денеска Оловер Спасовски, кој ќе биде нов министер за внатрешни работи. Тој додаде дека целта на СДСМ е да бидат дел од контролните механизми на власта, а не да владеат со нив.

oliver-spasovski-540x292

Согласно договорот, тој ќе добие дополнителен заменик – министер кој ќе има право на вето исклучиво за прашања поврзани со изборите, односно заменикот нема да може да ги блокира останатите негови акции. Се работи за правно вето во однос на организирањето на изборите, кое заменик – министерот ќе може да го поднесе од моментот на донесување на Законот за избори.

Спасовски ќе има одврзани раце да разрешува и да распределува луѓе во ресорното министерство на пониско или повисоко ниво, ќе има пристап до ДБК и ќе може со налог веднаш да отпочне каква било акција.

За понатамошната објава на бомбите, нема да се ограничува употребата на веќе објавените материјали, а СДСМ ќе може да ги користи и во изборна кампања. Објавувањето на прислушувани материјали ќе се регулира со Законот за заштита на приватноста. Овој закон нема да ги третира материјалите што претставува јавен интерес и ќе се однесува на прислушувањето спроведено меѓу 2008-2015 година. Со него ќе бидат опфатени само приватни разговори за да се заштити приватноста на личен и семеен живот.
Исто така треба да започне со работа акетната комисија во парламентот, која ќе ги утврдува околностите околу прислушувањето и наводите за сторени кривични дела. Комисијата ќе биде составена од 16 члена, осум ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ, 4 на предлог на СДСМ, 2 на предлог на ДУИ, еден предложен од ДПА и еден независен.