Спасовски: Ќе има одговорност ако во „Комуналец “ се давале плати на лица кои не доаѓале на работа

од Nikola Popovski
446 прегледи

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за случувањата во ЈП „Комунална хигиена“ изјави дека е поднесена една кривична пријава за насилство откако завчера неколку лица вработени во претпријатието биле нападнати од едно лице кое е нивен колега. За другите аспекти, истакна дека најверојатно ќе следува кривична пријава за одговорните за оставање на главниот град да се дави во ѓубре и отпад.

-Во постојана координација сме со обвинителот. Доколку се утврдат елементи на кривично дело за сите сторители, можно е да бидат поднесени кривични пријави согласно доказите. За другите наводи, ако има копија до МВР, и по нив ќе се постапува, кажа Спасовски.

Министерот се осврна и на тврдењата на скопската градоначалничка, Данела Арсовска дека повеќе вработени од „Комуналец“ живеат во Германија, а овде земаат плата од јавното претпријатие како вработени.

-Ако имало недоследности во работењето, ако имало давање на плати на лица што биле под договор, а не доаѓале на рабата и биле злоупотребени буџетски средства, секој еден ќе сноси одговорност, нема да има отстапки. Ова треба да биде санкционирано, за да се стави крај на политиканство и на игри кои се случуваат на грбот на здравјето на граѓаните, потенцира Спасовски.

Слични содржини