Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги повика пратениците да си ја завршат работата и да го донесат Законот за лични карти во интерес на граѓаните.
-Не обвинувам никого, само повикувам да си ја вршат својата работата оние кои се платени од парите на граѓаните, а тоа е да си ги носат законите. Пречка за неиздавањето на лични карти е неносењето на Законот за лична карта. И на владината седница говорев дека се создаваат одедни проблеми кои значат неможност за остварување на одредени стаусни прва. Ние како МВР со службите од Владата, бараме излезно решение за да можат граѓаните да бидат спокојни, да ги извршуваат своите права. Секако дека носењето на Законот е единственото можно основно решение, но МВР ги стави сите капацитети за да се дојде до издржано решние кое ќе може да ги супституира сите овие права. Ние како МВР сме подготвени. Нема проблем во делот на софтер, обрасци, издавање, граѓаните одат и закажуваат, ги земаме податоците, ги поднесуваат барањето за лични карти, но не можеме да го почнеме производството заради законското ограничување, рече Спасовски за 21 ТВ.
Спасовски апелираше до опозициските пратеници кои поднесоа голем број на амандмани да го откочат носењето на законското решение.
– Тоа не е политика која дава резултат и за која не плаќаат граѓаните како државни службеници. Секој треба да пристапи одговорно и како политичар, човек и граѓанин и да знае секој кој се определил да им служи на граѓаните а се членови на владата на парламентот, локалната самоуправа треба да им служи на граѓаните за да моќе собранието да го донесе ова законско решение за да можеме да непречно на работиме.