Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели дека годинава, во однос на истиот период лани јануари – октомври е намален криминалетитет во Македонија
-Во периодот од јануари-октомври 2021 година, во делот на сузбивање на недозволена трговија со дрога извршени се вкупно 390 претреси на дом и помошни простории, 320 прегледи на лица/возила и едно пребарување на терен, а поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ мерки од овластувањата се преземени кон 914 лица.
Пресечени се 12 меѓународни транспорти на марихуана и хашиш, при кои разбиени се пет криминални групи, а откриени се и три насади со марихуана на подрачје на Охрид, Струмица и Тетово, како и две лаборатории за производство на марихуана во станови во Скопје.Поднесени се вкупно 190 кривични пријави против 260 сторители за 188 кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест дела „овозможување на употреба наркотични дроги“, четири дела „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ , кажа Спасовски во Утрински Брифинг.
Во однос на борбата со корупцијата, министерот Спасовски нагласи дека и тука има подобри резултати.
-Откриени се 114 кривични дела од областа на корупција, најголем процент – некаде околу 72 кривични дела се за злоупотреба на службената положба и овластувања, но постојат и други коруптивни дејства поврзани со јавните претпреијатија, администрацијата. Во делот на корупцијата, ако не ги прикажеме резултатите немаме впечаток дека не се преземаат одредна мерки. Зголемување имаме кај откривачката дејност, зголемување од 58,3 проценти во однос на истиот период минатата година, рече Спасовски.
Тој нагласи дека најголем дел од инцијативите за коруптивните дела доаѓаат од МВР, но согласно законот за кривична постапка, се работи за преземање на кривични дела заедно со обвинителот.