Оваа Влада е со полн легитимитет и пред пратениците стојат сите делвнички можности. Нормално дека очекувам дебата и таквата дебата е добредојдена, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во Утрински Брифинг.
Тој вели дека и во СДСМ се водела дебата за кадровската политика на мандатарот Димитар Ковачевски по гласините дека Петре Шилегов бил против Спасовски да остане на функцијата. Министерот вели дека на ЦО на партијата овој предложен состав поминал едногласно и без ниту еден воздржан.
-Секогаш се води дебата и тоа е најголемата вредност во СДСМ, ова е една од поважните одлуки и нормално е дека постоеше дебата. Едногласно и без ниту еден воздржан помина изборот на владиниот состав, вели Спасовски.
Во врска со тоа дали е откриено никаков криминал во коалицискиот партнер на СДСМ од албанскиот блок, Спасовски вели дека статистиката треба комплетно да се извади и да се погледне дека има постапки за директори и други функционери.
-Мислам дека треба комплетно да ги извадиме сите случаи кои биле покренати против функционери од ДУИ. И ќе видите во статистиката дека не е баш така.Имавме постапки и против директори и против други функционери, вели Спасовски.
Тој додава дека ниту еден од министрите кои нема да бидат во новата влада не се поврзани со криминал ниту тоа е причина за нивна смена.