Секогаш кај што има резултати и кајшто има многу подобрување на работите, сакаат тоа да се девалвира. Како да се избориме против лажните вести? Само со пласирање на информациите коишто се вистински. Затоа често апелирам добивајте ги информациите од релевантните информатори, од Министерството, од службата за односи со јавност, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во однос на прашањето како да се избориме со дезинформации, кои во последно време се упатени околу активности на МВР.
„Јас сакам на сите вас да ви се заблагодарам како медиуми затоа што навистина придонесувате да ги сузбиеме овие лажни вести. Ова не е работа која што ја шират медиумите во Македонија, не е работа која ја шират медиумските работници, туку социјални мрежи или било кој политичари, политички партии, итн, и од секој можен аспект гледаат како да направат некаква штета, меѓутоа, тоа не е штета на поединци, тоа е штета за државата. И уште еднаш, да ви се заблагодарам, и само заеднички преку партнерство МВР и медиумите и медиумските работници можеме навремено и објективно да ги информираме граѓаните. Само така ќе се заштитиме“, вели тој.