Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска појасни дека цивилите кои ќе пристигнат од Авганистан се лица кои работеле во меѓународни организации, за држави членки на НАТО, за нашите сили и дека тие не се радикални за да преставуваат закана.
–Лицата што ќе дојдат организирано во земјава, ќе бидат проверени и одобрени, при што нашите служби се во постојана комуникаците со меѓународните. Да споменам дека за време на најголемиот бегалски бран во 2015 и 2016 година низ Македонија поминаа еден милион мигранти и тоа не остави никакви последици во земјата.Како МВР сме должни да ги провериме и тоа го налага процедурата. Затоа, да бидат спокојни граѓаните, нема индиции за загрозување на безбедноста, рече Спасовски.