Спасовски: Мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија!

од Vladimir Zorba
189 прегледи

Во присуство на највисокото централно партиско раководство на СДСМ во Куманово синоќа на Изборна Конференција на ОО СДСМ Куманово беше избрано ново раководство.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски му честиташе на претседателот Александар Арсиќ, како и на новиот состав на Извршниот и Надзорниот Одбор на Општинската Организација.

„На мои кумановци им посакувам многу успеси, јас сум тука за секој еден кој ја негува социјалдемократската идеологија. Заедно продолжуваме – мое Куманово било и ќе биде бастион на прогресот, на македонската социјалдемократија!“, истакна Спасовски.

Слични содржини