„Не може да нема одговорност за случајот со Онишченко. Мора да се лоцира одговорност и да постои одговорност. Не може стратешкото партнерство со САД да се нарушува по ниту една цена. Тие најмногу не поддржуваат од независноста до сега и најмногу вложија во институциите“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Само интервју“ на Канал 5.
Тој додаде дека внатрешната истрага на Агенцијата за национална безбедност треба да покаже каде лежи одговорноста и повика овој слуачј да се заврши до крај, да се расчистат сите сомнежи и да не се остави дамка.
„Секој еден кој смета дека некаков друг интерес му е поважен од тој на државата, на него не му е место во безбедносниот сектор и службите“ рече Спасовски.
Министерот кажа дека е готов и извештајот за пропустот во Собранието кога тајниот дел од седницата беше емитувана на интернет.
„Има технички пропуст, кој не е од сега туку од поодамна. Се сомневам дека е искористен техничкиот проблем на системот за да може да се случи вакво нешто. Во извештајот кој го подготви МВР посочуваме одредени работи кои треба да се преземат“ рече Спасовски.