Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест

од Nikola Popovski
163 прегледи

Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, му врачи примерок на премиерот Христијан Мицкоски од потпишаната декларација на министерката Сања Божиновска, во која таа изјавила дека има бугарска самосвест и потекло.

Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.

-Меѓутоа прашањето ми е дали при составот на владата, при разговорите што сте ги имале со кандидатите, бевте информирани за една ваква ситуација и можеби начелото: Прво Бугарите во Владата, па после во Уставот ќе вроди со плод и тоа е начинот на којшто ќе дојдете до промена на Уставот, нели новиот план што го претставивте и во изборната кампања и на изборите, рече меѓу другото Спасовски.

Премиерот Мицкоски застана во одбрана на Божиновска и порача дека „тој дел за него не е важен“. Тој во својот говор истакна дека „Сања Божиновска е многу поголема Македонка од сите вас“, обраќајки се до пратеничката група на СДСМ.

-Од 2011 година ја знам Божиновска. Верувајте ми, за нејзе знаеја светскиот бизнис крем од Украина до Шпанија и од Аргентина до Скандинавија. Сега наместо да сме горди и среќни и дека имаме професионалец со луѓе и конекции, измислуваме приказни кои немаат врска со енергетиката и рударството, рече меѓу другото Мицкоски.

Слични содржини