Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изрази жалење и сочувство до најблиските и пријателите на починатиот македонски музичар, Ферус Мустафов.
-Со голема тага ја примив веста за смртта на најпознатиот македонски кларинетист и саксофонист, кралот на ромската музика, почитуван и сакан син, брат, сопруг, татко, дедо, колега и пријател ФЕРУС МУСТАФОВ.
Што и да се каже за овој наш виртуоз би било премалку и не би можело да го опфати целиот негов досегашен животен опус полн со многу музика, турнеи, дружења, музички соработки и гостувања насекаде по светот бидејќи него го нарекуваа “кралот на саксофонот” и така беше препознаен од сите.
Дозволете ми од мое лично име и од име на Министерството за внатрешни работи, да го упатам моето искрено жалење и длабоко сочувство до сите членови на вашето семејство и пријателите.