Спасовски: МВР за првпат во историјата има заплена на прекурсор класифициран во прва категорија

од Берта Китинска
343 прегледи

МВР за првпат во историјата на независна РСМ има заплена на прекурсор со ваков квалитет, кој се користи за добивање на амфетамински тип стимуланси, класифициран во прва категорија на Националната листа на прекурсори, вели министерот за внтрешни работи Оливер Спасовски.

-Зависно од начинот на употреба на прекурсорот при добивање на амфетаминот, првичната проценка е дека од запленетата количина од над еден тон, во зависност од јачината на дозирање на парче, вредноста на пазарот се проценува од 50, па сѐ до над 200 милиони евра, информира Спасовски.

Изречена мерка притвор и куќен притвор за лицата фатени на ародром со прекурзори

Вчера под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и коруција и спроведената акција во која полициските службеници од Министерството за внатрешни работи на Аеродром запленија 40 пакувања хемиска материја во вкупна тежина од 1105 килограми. Денеска од слобода лишени беа две лица како дел од меѓународна организирана криминална група, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори.. Денеска на истите им е изречена мерка притвор и мерка ќуќен притвор од 30 дена.

– Двете лица беа спроведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, а по произнесување на осомничените и Јавниот обвинител во однос на предлогот, судијата донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на осомничениот Н.К. му определи мерка притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот М.З. му определи мерка куќен притвор во траење од 30 дена и кај двете лица заради постоење на основите од чл. 165 ст.1 точка 1,2 и 3 односно Опасност од бегство, Можност да ја попречи истрагата и да влијае на сведоци и Можност да го повтори делото. Против овие решенија странките имаат право на жалба пред Кривичниот совет, соопштува Основен кривичен суд Скопје.