Утрово, присуствував на богослужба во манастирот „Свето Преображение” во Крушево, по повод празникот Преображение на Господа Исуса Христа, информира на својот Фејсбук профил министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
-Овој духовен храм, кој вдахнува мир и спокојство во прегратките на восхитувачка природна раскош, е место кое нашиот Тоше го нарекуваше негов втор дом, а чијшто вечен спомен го претвори местото во светилиште за поклонение на посетителите ширум светот.Нека е за многу години празникот!, напиша Спасовски.