Носителот на листа на кандидати за пратеници од Изборната единица 2, предводена од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Оливер Спасовски, на средба со граѓаните во Чучер Сандер порача дека на 8ми мај победува мнозинска Македонија.
„Нека изборните резултати бидат мотивација за уште повеќе да се кренеме, затоа што прогресивна и напредна Македонија е мнозинска Македонија, прогресивна и напредна Македонија е таа Македонија којашто е потребна на сите нас и на идните генерации”, рече Спасовски пред граѓаните на Чучер Сандево.
„Пораката е примена, слушната, тоа е дека единствената вредност во државата е секогаш да бидете рамо до рамо со својот народ. Ние сме тука, посветени заедно за отворање на перспективите на државата. Имаме два кандидата со два концепти застапувани во периодов. Сметам дека треба да се концентрираме да обезбедиме победа за Стево Пендаровски во наредниот период, човек кој може цврсто да стои и да го држи кормилото на Македонија. Не ни личи нам да застанеме и да не се бориме, не застанавме кога зависеше дали ќе останеме живи на 27 април, останавме цврсти, успеавме да се сруши режимот”, истакна Спасовски
„Изборите се нова можност, поддржувачите на СДСМ и коалицијата да бидеме активни, да разговараме со секој еден граѓанин и да ја бараме поддршката, да се извиниме за грешките, да си кажеме за пропустите, да се ветиме тоа што може реално да оствариме. Сето она што беше потреба во 2016 и 2020 е целосно реализирано, што беше директно од дискусијата со граѓаните. И оваа програма се заснова на реални основи кои значат подобар животен стандард за секој, програма која ги третира еднакво сите”, рече Спасовски, потенцирајќи ја одговорноста кон идеалите во однос овие избори.