Спасовски на литургија во чест на Свети Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на литургија во чест и спомен на Свети Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир, заедно со градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

„Утрена и Света Божествена Литургија во чест и спомен на Свети Гаврил Лесновски во Лесновскиот манастир, заедно со градоначалникот на Пробиштип, Драган Анастасов.

Светецот од Осечко Поле подвизувал 30 години во Лесновската Гора близу Кратово, откако претходно изградил црква и основал манастир во чест на Архангел Михаил. Бог, во одговор на неговата вера, љубов и подвиг, уште во текот на животот го удостои со дар на чудотворење.

Со својата десетвековна историја Лесновски манастир претставува духовно светилиште и книжевен центар – синоним на вековното македонско духовно постоење. Богатиот фрескоживопис од византискиот период, првиот резбан иконостас, пленат со својот духовен мир и божја благодат.

Тука се негува монашкиот живот, па така во минатото Лесновската Гора ја нарекувале „Монашка република“. Самите монаси велат дека една од најголемите библиотеки во сиот православен свет била токму во Лесновскиот манастир, но за време на Балканските и светските војни сите книги биле изнесени и голем дел од ракописите може да се најдат во библиотеките на соседните земји и по приватни колекции низ Европа.

Нека е за многу години“, напиша Спасовски на Фејсбук.

Слични содржини