Спасовски на прием по повод 15-годишнината од независноста на Република Косово

од Stefanija Kuzmanovska

На покана од Амбасадорот на Република Косово во Република Северна Македонија, Н.Е. Флориан Џехаја, присуствував на прием по повод 15-годишнината од независноста на Република Косово, напиша министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот профил на Фејсбук.

„Одличните билатерални односи со Косово се во насока на остварување на заедничките интереси на Западен Балкан – стабилен, безбеден и економски просперитетен регион.

Како две пријателски земји имаме одлична соработка на сите нивоа, со можности за продлабочување на нашите меѓусебни односи, во насока на реализирање на приоритетите на Владата, но и на МВР за активна размена на информации, зајакната соработка меѓу граничните служби и, генерално, меѓу полициите на двете земји.

Упатувам срдечни честитки до граѓаните на Република Косово, претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти, по повод Денот на независноста на Република Косово“, наведе Спасовски.

Слични содржини